Пребарувај

ЕПП


Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата Печати Е-пошта
Напишано од rante   
Понеделник, 04 Февруари 2008 12:41
 На прв поглед Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата нема многу што ги обврзува или спречува велосипедите да се движат наоколу. Меѓутоа, ако подобро се прочита, секој велосипедист се смета за возач, следствено секој точак за возило, така да целиот закон важи за тие што возат точак подеднакво како и за тие што возат кола, освен таму каде што тоа не е наведено дека е поинаку. Да постоеа велосипедски патеки и да не мораше велосипедите да возат по улици, можеби ќе беше поинаку. Повели неколку извадоци од законот:

 Извадоци од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата „Службен весник на Република Македонија“ број 54/2007

 Член 2

 (1) Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење:

 3. „Возило“ е секое превозно средство наменето за движење по пат, освен подвижните столови без мотор за немоќни лица и детските превозни средства;
 7. „Велосипед“ е возило што има најмалку две тркала и што се движи исклучиво со силата на возачот;
 26. „Приколка“ е приклучно возило конструирано така што вкупната маса преку своите оски ја пренесува на патот, кое е наменето да биде прикачено на моторно возило со исклучок на полуприколка и кое е конструирано за превоз на добра;
 48. „Седиште“ е направа вградена или прицврстена за конструкцијата на возилото, што заедно со опремата служи како седиште за едно возрасно лице или е изведено како посебно седиште или дел од седишната клупа - наменет за седење на едно возрасно лице;
 53. „Возач“ е лице кое управува со возило на пат или кое се вози во возилото, со цел да биде на располагање на возење, доколку е неопходно;
 56. „Пешак“ е лице кое учествува во сообраќајот, а не управува со возило, нити се превезува во возило или на возило, лице кое со сопствена сила турка или влече рачна количка, запрежно возило или моторно возило, детско превозно средство, велосипед, велосипед со мотор, или подвижен стол за немоќни лица, лице во подвижен стол за немоќни лица што се движи со сопствена сила или со сила на мотор, ако притоа се движи со брзина на човечки од, како и лице кое се лизга на лизгалки, скии, санка или се вози на тротинет, ролшуи или ролери;
84. „Велосипедска патека“ е изградена сообраќајна површина наменета за сообраќај на велосипеди која е издвоена од коловозот и обележана со пропишан сообраќаен знак за известување;

 Член 21

 (1) Возачот на возилото што се движи покрај возило на јавен превоз на патници или покрај автобус со кој се врши превоз за сопствени потреби, запрен на стојалиште, е должен да се движи со намалена брзина, на начин да не ги загрозува лицата кои влегуваат, односно излегуваат од тоа возило.
.
 (3) Возачот е должен да го запре своето возило зад возилата од ставот (1) на овој член кога лицата влегувајќи во тие возила, односно излегувајќи од тие возила треба да ја поминат сообраќајната лента и велосипедската патека или лентата по која се движи возилото.
 (4) Возачот на возилото што се движи зад возилото кое се врши организиран превоз на деца, како и возачот на возилото што на тоа возило му доаѓа во пресрет на пат со две сообраќајни ленти, е должен да запре кога возилото со кое организирано се превезуваат деца е запрено на коловозот, додека децата влегуваат или излегуваат од возилото.
.
 (6) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возачот од ставот (1) на овој член кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1), (4) и (5).
 (7) Глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 20 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (3) на овој член.

 Член 26
 (1) Возач на автобус или товарно моторно возило, кога се вклучува во сообраќајот од гаража, двор или друга слична површина, ако видикот му е закриен со друго возило, објект или предмет или ако видливоста му е намалена, е должен на местото каде што се вклучува да постави лице кое ќе помогне возилото безбедно да излезе на пат.
 (2) Возачот на велосипед, велосипед со мотор, мотоцикл, лесен трицикл, трицикл, лесен четирицикл и четирицикл, односно возач на запрежно возило кој се вклучува во сообраќајот во случаите и под условите утврдени во ставот (1) на овој член е должен да го турка возилото, односно да го води впрегнатиот добиток.
.
 (4) Глоба во износ од 15 евра во денарска противвредност во мандатна постапка, согласно со одредбите на овој закон, ќе му се изрече на возачот од ставот (2) на овој член кој постапува спротивно на одредбата пд ставот (2) на овој член.

 Член 74

 (1) Возило, освен велосипед, велосипед со мотор и мотоцикл, не смее да се паркира во двоен ред на коловозот.

 Член 85

 (1) Во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возило, возачот на возилото задолжително треба са ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот.
.
 (6) Глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 20 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) до (5) на овој член.

 Член 86

 По исклучок од одредбите на членот 85 на овој закон обврската за задолжителна употреба на запалени светла не се однесува на:
 -возило што е запрено или паркирано на осветлен дел од патот, така што јасно може да се гледа од доволна оддалеченост,
 -возило што е запрено или паркирано на за тоа посебно пределени места на коловозот или надвор од него или на улици со послаб сообраќај и
 -велосипед, велосипед со мотор, мотоцикл, лесен трицикл, трицикл, лесен четирицикл и четирицикл - кога се запрени или паркирани во населено место порај самиот раб на коловозот.

 Член 190

 (1) На велосипед, велосипед со мотор, лесен трицикл, трицикл, лесен четирицикл смее да се превезува дете до седумгодишна возраст, ако на возилото е вградено посебно седиште пред возачот.
.
 (3) Глоба во износ од 15 евра во денарска противвредност во мандатна постапка, согласно со одредбите на овој закон, ќе му се изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.

 Член 191

 (1) На приколка што ја влече или потиснува велосипед, велосипед со мотор, мотоцикл, лесен трицикл, трицикл, лесен четирицикл и четирицикл, како и во товарен сандак на велосипед, велосипед со мотор, мотоцикл, лесен трицикл, трицикл, лесен четирицикл и четирицикл не смеат да се превезуваат лица.
 (2) Глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка, согласно со одредбите на овој закон, ќе му се изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

 Член 238

 (1) Велосипед на пат може да управува лице кое наполнило 10 години возраст.
 (2) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на родителот, односно старателот на лицето ставот (1) на овој член кое постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
Последно освежено на Понеделник, 04 Февруари 2008 13:27