Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

 За различните големини на велосипедски гуми и обрачи (бандажи) се води доста долга полемика. Следува еден текст кој во најголем дел е превод на текст напишан од страна на можеби најпознатиот велосипедски механичар, велосипедист, и велосипедски амбасадор Шелдон Браун (14. VII 1944 – 4. II 2008). Шелдон Браун покрај својата работа како механичар и своите многубројни тури со велосипед, како и секојдневното возење со велосипед, најпознат е по своето скоро енциклопедиско познавање на велосипедите и е автор на многу едукативни текстови за велосипедите. Во текстот се извршени сосем мали измени кои се однесуваат најмногу за нашето поднебје.

 Која големина на гума треба да ја купите за велосипедот? Постојат толку различни големини на гуми и различни системи за означување на големините на гумите биле ористено со години наназад  така што тоа станува сериозен проблем, особено за постарите велосипедисти.

 Имам објавено напис во кој се објаснето различните системи за означување на големините на гумите. Кога и да е можно, треба да се трудите да ја поистоветите старата гума со новата, со користење на големината според системот ISO/E.T.R.T.O., доколку е означен на гумата или обрачот.

 Доколку бројките кои ја означуваат големината според системот ISO/E.T.R.T.O. се совпаѓаат, тогаш гумата сигурно ќе одговара на обрачот. Исто така постојат и гуми со различни широчни, но најчесто можно е да се заменат гуми кај кои се совпаѓа големината (пречникот на ободот) според системот ISO/E.T.R.T.O.

 Но што ако ја немате оригиналната гума, или пак ознаките не се читливи? Не е сè изгубено! Ако имате метарска лента, можете да го измерите обрачот за да го одредите пречникот на ободот според ISO/E.T.R.T.O. можете да ги измерите:

-    пречник
 Надворешниот пречник на обрачот најчесто е 6 – 8 mm од пречникот на ободот, во зависност колку фланшните на обрачот се издигнати над каналот на обрачот во кој лежи гумата.

-    обем
 За сплетено и исцентрирано тркало, полесно е да се измери обемот на обрачот  со замотување на метарската лента околу обрачот.

 Во зависност од конструкцијата на обрачот и широчината на метарската лента, можеби ќе можете или нема да можете да го измерите пречникот на ободот, но ќе дојдете доста блиску, но ќе се помачите малку со метрото за метарската лента да влезе во обрачот.

 На некои постари гуми произведени во СФРЈ (пред воведувањето на стандардот ISO/E.T.R.T.O.) покрај традиционалната ознака стои испишан и обемот на ободот.

 Подолу следи табела на вообичаените (и невообичаените) големини на обрачи кои соодветствуваат со димензиите на обемот:

Обем на ободот Традиционална ознака Пречник на ободот (B.S.D.) според ISO Намена/забелешки
1995 mm 28 x 1 ½, 700 B 635 mm Англиски, Холандски, Кинески, Индиски велосипеди „roadster“-и со кочници со шипки. Старите велосипеди со контра Rog, Partizan, Unis, произведени во бившата СФРЈ.
1979 mm 27 x било што 630 mm Стари друмски тркачки велосипеди
1954 mm 700 C, 28 x (две дропки), 29", 28 x 1 ½ F.13 Канада 622 mm Повеќето нови велосипеди за возрасни ја користат оваа големина, вклучувајќи ги и друмските тркачки велосипеди, хибридите и планинските велосипеди со 29" тркала
1881 mm 26 x 1,25 (ретка), 26 x 1,375 599 mm Многу ретка големина користена во САД, 1940-тите и претходно. Не е достапна
1875 mm 26 x 1 ¼, 26 x 1 3/8 (S-6) 597 mm Лесни велосипеди (со гуми не пошироки од 1,5") произведени од Schwinn, стари англиски „клупски“ велосипеди
1853 mm 26 x 1 3/8 (E.A.3.), 650 A 590 mm Повеќето велосипеди со 3 внатрешни брзини во задната главина, ефтини или детски 10-брзински велосипеди
1844 mm 700 D 587 mm Чудна големина порано користена на некои модели од GT. Не е достапна. Гумите  од 590 mm или 584 mm би можеле да одговараат.
1834 mm 650 B, 26 x 1 1/2 584 mm Француски службени, тандеми, и велосипеди за патувања со товар, многу малку планински велосипеди произведени од Raleigh и Schwinn. Оваа големина сега доживува ренесанса.
1793 mm  26 x 1, 650 C 571 mm  Триатлон, хронометар, мали друмски тркачки велосипеди
26 x 1 ¾, Крузери Schwinn
1756 mm 26 x 1,00 до 26 x 2.125 559 mm Повеќето планински велосипеди, крузери
1718 mm 24 x 1 ¼, 24 x 1 3/8 (S-5) 547 mm Ретки детски Британски или детски велосипеди произведени од Schwinn
1696 mm 24 x 1 1/8, 24 x 1 3/8 (E.5), 600 A 540 mm Британски детски велосипеди, повеќето инвалиднски колички француската големина 650 А е всушност 541 mm, што е доволно блиску
1633 mm 24 x 1, 24 x 1 1/8 520 mm Висококвалитетни тркала за помали велосипедисти, предно тркало на велосипедите Terry
1593 mm 24 x 1,5 до 24 x 2.125 507 mm Детски планински велосипеди, BMX крузери
1539 mm 550 A 490 mm Европски детски велосипеди, расклоплии велосипеди
1436 mm 22 x 1,75; 22 x 2.125 457 mm Ретка големина на детски велосипеди... Schwinn
1417 mm 20 x 1 1/8; 20 x 1 1/4; 20 x 1 3/8 451 mm Детски лесни (со гуми не пошироки од 1,5"), BMX велосипеди за лесни велосипедисти, некои лежипеди
1382 mm 500 A 440 mm Европски детски велосипеди, расклопливи велосипеди
1316 mm 20 x 1 3/4 419 mm Ретки детски велосипеди произведени од Schwinn
1275 mm 20 x 1,5 до 20 x 2,125 406 mm Повеќето BMX велосипеди, детски велосипеди, приколки, некои лежипеди
1225 mm 450 A 390 mm Европски детски велосипеди
1159 mm 17 x 1 1/4 369 mm Alex Moulton
1115 mm 18 x 1,5 до 18 x 2,125  355 mm Расклопливи велосипеди произведени од Birdy
1096 mm 16 x 1 3/8 349 mm Постари расклопливи велосипеди произведени од Moulton, Brompton и други, предно тркало за лежипеди, трицикли Greenspeed, детски велосипеди
1068 mm 400 A 340 mm Европски детски велосипеди
1059 mm 16 x 1 3/8 337 mm Многу ретка таинствена гума
1052 mm 16 x 1 3/8 335 mm Многу ретки полски детски велосипеди
996 mm 16 x 1 3/4 317 mm Ретки детски велоисипеди произведени од Schwinn
958 mm 16 x 1,75 до 16 x 2,125 305 mm детски велосипеди, расклопливи велосипеди, приколки, некои лежипеди
638 mm 12 1/2 x било што  203 mm Детски велосипеди, тротинети
478 mm 10 x 2 152 mm Инвалидски колички
431 mm 8 x 1 1/4 137 mm Инвалидски колички

 Точната вредност за обемот на ободот всушност е матаматички пресметана по формулата: B.S.D. × π. За тие кои знаат математика, првата колона од табелата е излишна, како и последните две реченици од овој текст.

преземено од:
http://sheldonbrown.com/rim-sizing.html