За различните големини на велосипедски гуми и обрачи (бандажи) се води доста долга полемика. Следува еден текст кој во најголем дел е превод на текст напишан од страна на можеби најпознатиот велосипедски механичар, велосипедист, и велосипедски амбасадор Шелдон Браун (14. VII 1944 – 4. II 2008). Шелдон Браун покрај својата работа како механичар и своите многубројни тури со велосипед, како и секојдневното возење со велосипед, најпознат е по своето скоро енциклопедиско познавање на велосипедите и е автор на многу едукативни текстови за велосипедите. Во текстот се извршени сосем мали измени кои се однесуваат најмногу за нашето поднебје.
Која големина на гума одговара на која големина на обрач?
Гумите за велосипеди доаѓаат во збунувачки разновидни големини. За да бидат работите уште полоши, во раните денови на велосипедизмот, секоја земја која произведувала велосипеди си развила свој систем за означување на големините. Овие различни национални системи за означување прават ситуација во која иста гума ќе биде позната под различни броеви во различни земји. Уште полошо, гуми од различна големина кои меѓусебно не можат да се заменат една со друга често се означени со исти броеви!
Традиционални системи за ознака на големината
Традиционалните системи се засноваат на мерење на надворешниот пречник на гумата. Ова најчесто е изразено во палци(цолови, инчи) (26", 27") или милиметри (650, 700).
За жал, еволуцијата на гумите и обрачите направи овие мерки да го изгубат контактот со реалноста. Еве како работи тоа: Да започнеме со големината 26 x 2,125 која станала популарна со тешките велосипеди со „балонски гуми“ во доцните 1930-ти години и сеуште е вообичаена за велосипедите „крстосувачи за на плажа“ (beach cruisers). Оваа големина е многу блиску до 26 палци во вистинскиот дијаметар. Како и да е, некои велосипедисти не биле задоволни од овие гуми, и сакале нешто што е малку полесно и побрзо. Индустријата одговорила со правење на „средно тешки“ гуми, означени со 26 x 1,75 за да одговара во истите обрачи. Иако сеуште ги викале „26-ки“ овие гуми всушност имаат дијаметар од 25 5/8". Истата големина на обрач била прифатена од првите пионери на „klunker“-ите од западниот брег на САД, и стануваат стандард за планинските велосипеди. Поради апетитот на пазарот, денес можат да се најдат и гуми дури и со широчина од 25 mm кои одговараат во овие обрачи, и така испаѓа дека гума од „26 палци“ всушност има пречник од 24 7/8".
Вториот број или буква најчесто ја означува широчината на гумата (26 x 1,175, 27 x 1 ¼... 650B, 700C).
Дали 0,75 е еднакво на 3/4?
Треба да се забележи дека кај ознаките во палци некогаш ја даваат широчината со децимален број (26 x 1,75) а понекогаш во дропка (26 x 1 3/4). Ова е најчесто случај на неодговарање. Иако овие ознаки се математички еднакви, тие се однесуваат на гуми со различни големини, и меѓусебно не можат да се заменат. Опасно е да се каже нешто воопштено кога се зборува за ознаките на големини на гумите, но овде би го изнесле следниот:
Браунов Закон за означување на гуми:
Ако две гуми се означени со ознаки кои се математички еднакви,
од кои едната е означена со децимален број а другата со дропка,
тие две гуми не можат меѓусебно да се заменат.
Нечесно означување
Спротивставените притисоци често воделе со неточност во мерката за широчина. Еве како работи тоа: да претпоставиме дека сте на пазарот за високо-квалитетна гума со големина 700 x 25; можеби ќе сакате да ги истражите каталозите и рекламите за да ја најдете најлесната гума 700-25. Ако производителот за гуми „Пепси“ и производителот за гуми „Кока-Кола“ имаат гуми од еднаков квалитет и технологија, но Пепси 700-25 е всушност 700-24 означена како широка 25 mm, гумата Пепси ќе биде полесна одошто точноозначената Кока-Кола 700-25. ова ќе ја стави во конкурентна предност. Во самоодбрана, Кока-Кола ќе се одмазди со уште полесна гума 700-23 означена како 700-25.
Ова сценарио било застапено за време на 1970-тите и 1980-тите. Ситуацијата излегла од контрола така што студените умови надвладеале, и владее силна (но не универзална) тенденција кон точни мерки.
B.S.D.
Меѓународната Организација за Стандардизација, ISO (International Organization for Standardization), има развиено универзален систем за означување на гуми со кој се елиминира збунувањето. (Овој систем претходно беше познат како E.T.R.T.O. систем, развиен од страна на Европската Техничка Организација за Гуми и Обрачи, European Tyre and Rim Technical Organisation).
ISO системот се состои од две бројки, првата е широчината на гумата (или обрачот) во милиметри. (Вистинската широчина на гумата малку ќе варира во зависност од широчината на обрачот. Широчината на обрачот е внатрешната широчина измерена помеѓу фланшните како што е прикажано на скицата.)
Вториот ISO број е критичен, тоа е пречникот на кој лежи ободот на гумата, во милиметри, Bead Seat Diameter или скратено B.S.D. Воопштено, ако имаме гума и обрач каде овие бројки се исти, гумата ќе влезе во обрачот; а ако овие бројки се различни, гумата нема да влезе во обрачот.
На пример, гума за друмски тркачки велоиспед означена со 700 x 20 C ќе биде 20-622, а таа означена со 700 x 38 за хибриден велосипед ќе биде 38-622. Разликата помеѓу широчината помеѓу овие големини ги прави помалку од идеални за меѓусебна замена, но секој обрач со B.S.D. од 622 mm ќе одговара на овие гуми.

Општо правило е дека гумата треба да биде не потесна од 1,45 широчини на обрачот, а не потесна од 2,0 широчини на обрачот.
Ако раширите надворешна гума и ја измерите вкупната широчина од ободот до ободот, ќе биде околу 2,5 пати поширока од ISO означената широчина.
Ако вашата гума е премногу тесна за обрачот (потесна од 1,45 широчини од обрачот), тогаш постои голем ризик од оштетување на гумата/обрачот од патот.
Ако е премногу широка, има зголемен ризик за трошење на страничните ѕидови од гумичките (пакните) за кочење, и поглем ризик од губење на контрoла при случај на ненадејно пукање на внатрешната гума.
Следува делумен список на традиционаленните големини на гуми, со нивните еквивалентни мерки на ISO дијаметар на ободот.
Големини изразени со дропки:
| Дробни | ISO | Намена |
| 29" | 622 mm | Ова е маркетиншки термин за широки 622 mm-ски („700 c“) гуми. |
| 28 x 1 ½ | 635 mm |
Англиски, Холандски, Кинески, Индиски велосипеди „roadster“-и со кочници со шипки. Старите велосипеди со контра Rog, Partizan, Unis, произведени во бившата СФРЈ. (Исто така означени со F10, F25, 700 B) |
| 622 mm | (F.43) Ретка канадска ознака за (F.13) | |
| 28 x 1 5/8 x 1 1/4 | Северноевропска ознака за гумите со големина 622 mm (700 C) | |
| 27 x било што | 630 mm | Стари друмски тркачки велосипеди |
| 26 x 1 (650 C) | 571 mm | Триатлон, хронометар, мали друмски тркачки велосипеди |
| 26 x 1 1/4 | 597 mm | Стари британски спортски и „клупски“ велосипеди |
| 26 x 1 3/8 (S-6) | Лесни велосипеди (со гуми потенки од околу 1,5") произведени од Schwinn | |
| 26 x 1 3/8 (E.A.3) | 590 mm | Повеќето англиски велосипеди со 3 внатрешни брзини во задната главина, ефтини или детски 10-брзински велосипеди |
| 26 x 1 ½ (650 B) | 584 mm | Француски службени, тандеми, и велосипеди за патувања со товар, многу малку планински велосипеди произведени од Raleigh и Schwinn |
| 26 x 1 3/4 (S-7) | 571 mm | крузери Schwinn |
| 26 x 1, 1 1/8 | Висококвалитетни тркала за помали велосипедисти, вооблиаено за велосипедите Canondale | |
| 24 x 1 | 520 mm | Висококвалитетни тркала за помали велосипедисти, предно тркало на велосипедите Terry |
| 24 x 1 1/8 | 520 mm или 540 mm! | Купувачот да внимава! |
| 24 x 1 1/4 | 547 mm | детски Британски или детски велосипеди произведени од Schwinn |
| 24 x 1 3/8 (S-5) | Детски лесни велосипеди (со гуми потенки од околу 1,5") произведени од Schwinn | |
| 24 x 1 3/8 (E-5) | 540 mm | Британски детски велосипеди, повеќето инвалидски колички |
| 20 x 1 1/8 20 x 1 1/4 20 x 1 3/8 |
451 mm | Лесни велосипеди (со гуми потенки од околу 1,5"), BMX велосипеди за полесни велосипедисти, некои лежипеди |
| 20 x 1 3/4 | 419 mm | Детски велосипеди произвеени од Schwinn |
| 17 x 1 1/4 | 369 mm | Серијата АM од Alex Moulton |
| 16 x 1 3/8 | 349 mm | Постарите велосипеди Moulton, Brompton, и други расклопливи велосипеди, предно тркало за лежипеди, младиснки велосипеди |
| 16 x 1 3/8 | 337 mm | Таинствена гума |
| 16 x 1 3/8 | 335 mm | Полски детски велосипеди |
| 16 x 1 3/4 | 317 mm | Детски велосипеди произведени од Schwinn |
| 12 1/2 x било што | 203 mm | Детски велосипеди, тротинети |
| 10 x 2 | 152 mm | Инвалидски колички |
| 8 x 1 1/4 | 137 mm | Инвалидски колички |
Традиционално, големините со дропки се однесуваат за гуми со прави странични ѕидови.
Висококвалитетните гуми (520 mm, 571 mm, 622 mm) најчесто се користат на обрачи со кукасти странични ѕидови, кои можат да издржат поголем притисок и ја држат посигурно гумата точно на средината.
Децимални големини:
| Децимални | ISO | Намена |
| 29" | 622 mm | Ова е маркетиншки термин за широки гуми со големина 622 mm („700 c“) |
| 28 x децимален број | Некои германски производители на гуми го користат ова нестандардно означување 622 mm-ски („700c“) гуми | |
| 26 x 1,00 до 2,3 | 559 mm | Повеќето планински велосипеди, крузери, и тн. |
| 26 x 1,25 (ретки) | 599 mm | Многу стари американски лесни велосипеди (со гуми потенки од околу 1,5") |
| 26 x 1,375 | Многу стари американски лесни велосипеди (со гуми потенки од околу 1,5") | |
| 24 x 1,5 – 25 x 2,125 | 507 mm | Детски планински велосипеди, крузери |
| 22 x 1,75, 22 x 2,125 | 457 mm | Mладински велосипеди |
| 20 x 1,5 – 20 x 1,125 | 406 mm | Повеќето BMX велосипеди, расклопливи велосипеди, приколки, некои лежипеди, Pony велосипеди |
| 18 x 1,5 | 355 mm | Расклопливи велосипеди Birdy |
| 18 x 1,75 – 18 x 2,125 | Детски велосипеди | |
| 16 x 1,75 – 16 x 2.125 | 305 mm | Детски велосипеди, склопливи велосипеди, приколку, некои лежипеди |
Француски големини:
| Француска големина | ISO | Намена |
| 700 A | 642 mm | Застарени |
| 700 B | 635 mm | Англиски, Холандски, Кинески, Индиски велосипеди „roadster“-и со кочници со шипки. Старите велосипеди со контра Rog, Partizan, Unis, произведени во бившата СФРЈ. |
| 700 C | 622 mm | Друмски тркачки велосипеди, хибриди, планински велосипеди со 29-ки тркала (28 x 1 ½ F.13 Kaнада) |
| 700 D | 587 mm | Чудна големина порано користена на некои модели од GT |
| 650 A | 590 mm | Француска верзија на 26 x 1 3/8; италијански висококвалитетни велосипеди за помали велосипедисти |
| 650 B | 584 mm | Француски службени, тандеми, и велосипеди за патувања со товар, многу малку планински велосипеди произведени од Raleigh и Schwinn |
| 650 C | 571 mm | Триатлон, хронометар, мали друмски тркачки велосипеди |
| 600 A | 540 mm | Европски детски друмски тркачки велосипеди, повеќето инвалидски колички |
| 550 A | 490 mm | Европски детски друмски тркачки велосипеди |
| 500 A | 440 mm | Европски детски друмски тркачки велосипеди, расклопливи велосипеди |
| 450 A | 390 mm | Европски детски друмски тркачки велосипеди |
| 400 A | 340 mm | Европски детски друмски тркачки велосипеди |
Во францускиот систем, првата бројка е ниминалниот пречник на гумата во милметри, следи буква која ја означува широчината: „А“ е најтесна, „D“ е најширока. Буквите повеќе не соодветствуваат со широчината на гумата, бидејќи потесни гуми често се произведуваат и за оние големини на обрачи кои првично биле наменети за широки гуми, на пример, 700 C првично биле широки, но денес ги има и многу тесни, со реален пречник и од 660 mm.
Табела за конверзија на ISO големини:
| Пречник на ободот (B.S.D.) според ISO | Традиционално означување |
| 635 mm | 28 x 1 ½, 700 B |
| 630 mm | 27 x било што |
| 622 mm | 700 C, 28 x (две дропки), 29", 28 x 1 ½ F.13 Канада |
| 599 mm | 26 x 1,25 (ретка), 26 x 1,375 |
| 597 mm | 26 x 1 ¼, 26 x 1 3/8 (S-6) |
| 590 mm | 26 x 1 3/8 (E.A.3.), 650 A |
| 587 mm | 700 D |
| 584 mm | 650 B, 26 x 1 1/2 |
| 571 mm | 26 x 1, 26 x 1 3/4, 650 C |
| 559 mm | 26 x 1,00 до 26 x 2.125 |
| 547 mm | 24 x 1 1/4, 24 x 1 3/8 (S-5) |
| 540 mm | 24 x 1 1/8, 24 x 1 3/8 (E.5), 600 A |
| 520 mm | 24 x 1, 24 x 1 1/8 |
| 507 mm | 24 x 1,5 до 24 x 2.125 |
| 490 mm | 550 A |
| 457 mm | 22 x 1,75; 22 x 2.125 |
| 451 mm | 20 x 1 1/8; 20 x 1 1/4; 20 x 1 3/8 |
| 440 mm | 500 A |
| 419 mm | 20 x 1 3/4 |
| 406 mm | 20 x 1,5 до 20 x 2,125 |
| 390 mm | 450 A |
| 369 mm | 17 x 1 1/4 |
| 355 mm | 18 x 1,5 до 18 x 2,125 |
| 349 mm | 16 x 1 3/8 |
| 340 mm | 400 A |
| 337 mm | 16 x 1 3/8 |
| 317 mm | 16 x 1 3/4 |
| 305 mm | 16 x 1,75 до 16 x 2,125 |
| 203 mm | 12 1/2 x било што |
| 152 mm | 10 x 2 |
| 137 mm | 8 x 1 1/4 |
Според ова што досега е изнесено, можеме да заклучиме дека тркалата кои популарно ги нарекуваме „29-ки“ всушност се истите „28-ки“, (обрачот е буквално од истата големина), или 700 C, само што надворешната гума е поширока. Обрачот е буквално со истата големина како кај повеќето друмски велосипеди, хибриди, градски велосипеди и тн. Нема ништо револуционерно, на веќе постоечките тркала почнаа да се монтираат пошироки гуми соодветни за планински велосипеди. Само доколу гумата со B.S.D. од 622 mm е потесна од 57 mm (2,25") тогаш има надворешен пречник од 29". Затоа, подобро овие тркала и гуми да ги нарекуваме со меѓународно стандардизираната ознака „622 mm“ за да се избегнат забуни.
Исто така, денес сè попопуларната големина на тркала кај најновите планински велосипеди, која кај нас сите ја нарекуваат 27,5, „27 и пол“. Всушност, овде нема ништо револуционерно, тоа е старата француска димензија 650 B или позната како „584 mm“ според ISO. Слично како и кај „29-ките“, само доколку гумата е широка 57 mm (2,25") надворешниот пречник ќе изнесува 27,5". Така, најдобро е оваа големина на тркала да ја нарекуваме според меѓународно стандаризираната ознака „584 mm“ со што би се избегнале секакви забуни.
И гумите кои во жаргон ги нарекуваме „26-ки“ сите немаат надворешен дијаметар од 26". Затоа, најдобро овие гуми (и обрачи) да ги нарекуваме според нивнатa oзнака според ISO (пречник на ободот) за да ги избегнеме сите забуни.
Сè се сведува на тоа дека со користењто на ISO/E.T.R.T.O. системот ќе елиминираат скоро сите забуни и грешки. Никогаш повеќе нема да згрешите при купувањето на гуми.
Имате неозначен обрач без гума? Кликнете овде за тоа како да го измерите обрачот.
Согледувања за широчината
Иако може да се користат практично секоја комбинација на обрач и внатрешна гума со истиот пречник на ободот, не е мудро да се користат многу различни широчини.
Ако користите многу тесна гума на многу широк обрач, ризикувате многу често пукање на внатрешната гума која многу лесно ќе биде штипната на фланшната од обрачот, како и оштетување на обрачот од патиштата.
Ако користите многу широка гума на многу тесен обрач, ризикувате брзо уништување на страничните ѕидови на гумата или брзо уништување на обрачот. Оваа комбинација предизвикува многу лошо управување при мали брзини. За жал, денешната мода на планински велосипеди води кон ова. Во интерес на заштеда на маса, повеќето денешни планински велосипеди имаат многу тесни обрачи. Толку тесни обрачи многу лошо работат со многу широки гуми, освен ако гумите не се премногу напумпани... но, тука се гуми целта на користењето на широки гуми, и се дава претерано оптоварување на страничните ѕидови на обрачот.
На следната табела се прикажани препорачаните комбинации на широчини на обрач и надворешна гума. Тука има една мала забелешка: многумина ги надминуваат препорачаните широчини без проблеми.
| Која гума безбедно одговара на кој обрач? (сите димензии се дадени во милиметри ) | ||||||||||||||
| (надворешна) широчина на гумата | ||||||||||||||
| (внатрешна) широчина на обрачот | 18 | 20 | 23 | 25 | 28 | 32 | 35 | 37 | 40 | 44 | 47 | 50 | 54 | 57 |
| 13 | да | да | да | да | не | не | не | не | не | не | не | не | не | не |
| 15 | не | не | да | да | да | да | не | не | не | не | не | не | не | не |
| 17 | не | не | не | да | да | да | да | да | не | не | не | не | не | не |
| 19 | не | не | не | не | да | да | да | да | да | да | не | не | не | не |
| 21 | не | не | не | не | не | не | да | да | да | да | да | да | не | не |
| 23 | не | не | не | не | не | не | не | да | да | да | да | да | не | не |
| 25 | не | не | не | не | не | не | не | не | да | да | да | да | да | да |
Општо правило е дека минималната можна широчина на гумата ќе ја добиеме ако внатрешната широчина на обрачот се помножи со коефициент 1,45.
За максималната можна широчина на гумата ќе ја добиеме ако внатрешната широчина на обрачот се помножи со коефициент 2,0. Во овој случај гумата може слободно без никаков страв да ја пумпате на било кој притисок кој го дозволува производителот.
Ако раширите надворешна гума и ја измерите вкупната широчина од ободот до ободот, ќе биде околу 2,5 пати поширока од номиналната широчина според ISO. На овој начин можете да ја измерите широчината на гумата, и со тоа да видите колку нечесно означување направил производителот.
Ако гумата е премногу тесна за обрачот (потесна од 1,45 широчини од обрачот), тогаш постои голем ризик од оштетување на гумата/обрачот од патот.
Ако е премногу широка, има зголемен ризик за трошење на страничните ѕидови на надворешната гума од гумичките (пакните) за кочење, и поголем ризик од губење на контрoла при случај на ненадејно пукање на внатрешната гума.
Денес, со сè поголемата популарност на планинските велосипеди, има тенденција на користење на пошироки гуми на потесни обрачи. Гумите се толку широки, дури пошироки од декларираните максимални две широчини на обрачот. Затоа, доколку се работи за планински велосипед, за максималната широчина на гумата може внатрешната широчина на обрачот да биде помножена и со коефициент од најмногу 3,0. Во овој случај мора да имате предвид дека не смеете гумите да ги пумпате на премногу висок притисок (проверете ги препораките од производителот).
Користењето на потесни обрачи за пошироки гуми (над 2,0 широчини на обрачот) уште од 2006 година е дозволено и од Е.Т.R.Т.О. Oва се однесува на тесните обрачи, 17 mm - 19 mm, на кои може да се монтираат гуми широки максимум околу 54 mm (51 mm – 57 mm), но не смеат да бидат напумпани повеќе од околу 3,8 bar односно 3,7 atm. Широки гуми (пошироки од 2,0 широчини на обрачот, најмногу 3,0 широчини на обрачот) не смеат во никој случај да се монтираат на обрачи потесни од 17 mm – 19 mm.
презмено од:
